Лога чека реалтивно брз одговор за екстрадицијата на Палевски

Процедурите за екстрадиција на Палевски во Турција се на почеток. Во Македонија се чека, кога ќе завршат и дали ќе го испорачаат.

Министерот за прада Лога очекува првите информации да ги добие од понеделеник.

Досега имал само неформални контакти но планира да разговара и со турскиот колега. Не сака да шпекулира со временски рокови но е опримист дека ќе има брз одговор

– Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме – изјави Лога.

Доколку нема дополнителни барања или прашања од Турција за македонските власти, сега се ќе зависи од процедурите и институциите надлежни за екстрадиција таму.

Професорот Калајџиев деновиве објаснуваше дека процедурата за екстрадиција во Турција е слоевита и не може да се донесе одлука толу брзо колку што очекува макеоднската јавност.

Палевски има право да се жали и на одлуката за притвор а и на одлуката за екстрадиција на Сериозен кривичен суд за тешки дела. На крај по носењето на одлука од министерскиот совет има право на жалба пред високиот управен суд.

За кривично дело од политичка или воена природа или ако станува збор за слобода на мислата екстрадиција не е дозволена. Ова се дел од случаите во за кои според турското законодавство екстрадицијата нема да се одобри.

Исто така ако делото не претставува кривично дело во турското право или пак ако кривичното дело е под јурисдиција на Турција.