Лога: Одговорност и максимални казни за сторителите

Министерот за правда Кренар Лога на Фејсбук страница изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени синоќа откако беа пријавени за исчезнати.

-Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота. Одговорност и максимални казни за сторителите, напиша Лога на Фејсбук.