Лога: Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието

Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници.

Меѓутоа, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од „Скопје 2014“ без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа “Свети Апостол Павле II”. Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој.

Поддршка за денешната активност во Собранието на РСМ по повод годишнината од Сребреница.