Ли: Кина е способна да го поддржи глобалниот развој

Кина е уверена во својата способност да одржи економски раст и да го поддржи глобалниот развој, изјави синоќа кинескиот премиер Ли Кечијанг на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации

Кина е уверена во својата способност да одржи економски раст и да го поддржи глобалниот развој, изјави синоќа кинескиот премиер Ли Кечијанг на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој ги критикуваше едностраните мерки и протекционистичките дејствија како што се царините, истакнувајќи дека тие придонесуваат за забавување на глобалната економија.

Ли повика на поголема меѓународна соработка.

Според него, Кина е „одговорен играч“ во справувањето со глобалните предизвици и увери дека неговата земја останува посветена на идејата за зелен развој.