Ли и Такаичи: Зајакнувањето на односите меѓу Сеул и Токио е поважно од кога било
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг за време на разговорот со јапонската премиерка Санае Такаичи рече дека е поважно од кога било да се зајакнат билатералните врски, со оглед на тоа што двете земји имаат многу заедничко во актуелното трговско опкружување, соопшти денеска кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Во соопштението се наведува дека Такаичи за време на состанокот рекла дека развојот на односите насочен кон иднината ќе донесе корист за двете земји.
Неговите коментари следуваа за време на состанокот на двајцата лидери на маргините на собирите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кои се одржуваат во Јужна Кореја.