На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово денеска околу 03.50 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово, пронашле кутии со лекови, кафе, брендирани чанти, машки парфеми и други предмети без документација.
– При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација, соопштија од МВР.
Во соопштението од МВР се наведува дека Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.