Лицата со дијабетес излегуваат на предупредувачки протест

Лицата со дијабетес ќе одржат мирен предупредувачки протест пред Министерството за здравство. Револтирани се зошто сите рокови поминале, а државата веќе 7 месеци ги оставила пациентите кои се на инсулин без ленти, глукомери, пумпи, терапија, а ги нема ниту ветените сензори за 700- тини деца со вакво заболување.

Од Министерството за здравство признаваат дека набавката доцнела, но посочија дека за тоа виновни биле нивните претходници раководени од Беким Сали, а во моментот течеле жалбените постапки за набавка на ленти. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари и истиот е најавен за 19 часот со цел како што велат да се почитуваат препораките дадени поради топлото време. Повикаа нивната борба да не се користи во политички цели и за собирање политиички поени.

Во земјава регистрирани се 45 илјади лица кои имаа потреба од инсулинска терапија