Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.

Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Ељиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел во 15.минута.

На почетокот на вториот дел нашиот тим зголеми на 2:0, а стрелец беше капитенот Енис Барди. На 3:0 четири минути подоцна погоди Дарко Чурлинов, а четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 86.минута. Конечните 5:0 ги постави Лука Станковски во 90.минута.

Вечерва во терминот од 20:45 часот играат Белгија – Казахстан.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се на првата позиција со 11 бодови од 5 натпревари, Велс е втор со 10 (5), Белгија има 7 на третото место (3), Казахстан е на четвртото место со 3 бодови (4), а Лихтенштајн е последен без бодови од пет натпревари.

Македонија следниот натпревар го игра на 10.октомври на гости против Белгија.