Лифтот во кој се заглави екипа на Брзата помош паднал од приземје во подрумот, пациент немало внатре

Лифтот во кој се заглави екипа на Брзата помош, паднал од приземје во подрумот, соопшти Ангелов.

„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот. Пациент немало, екипата била на констатација на смрт“ вели Ангелов.

Според информациите, инцидентот се случил во зграда на улицата Христо Тататрчев во населбата Кисела Вода. Во тек е акција за извлекување на лицата од лифтот.

Центарот за управување со кризи добил итен повик на бројот 112 од екипа на Брзата помош кои биле заглавени во лифт со пациент во зграда во Кисела Вода, информираше претходно директорот Стојанче Ангелов.

„Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје. Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје“ изјави Ангелов.