
Литванија бара 120 милиони евра оштета од Белорусија
Литванија бара отштета до 120 милиони евра од Белорусија, обвинувајќи го својот источен сосед дека ја организирал имиграцијата на илјадници луѓе, главно од Африка и Блискиот Исток.
Од 2021 година, кога Европската унија воведе санкции против Белорусија и нејзиниот долгогодишен авторитарен претседател Александар Лукашенко, бидејќи бројот на луѓе кои сакаат да преминат во Литванија и да влезат во ЕУ драстично се зголеми.
Министерството за надворешни работи во четвртокот соопшти дека и предало дипломатска нота на Белорусија, барајќи компензација.
Министерката за правда Евелина Доброволска во средата рече дека „она што го прави белорускиот режим не е природна миграциска рута“.
„120-те милиони евра се за покривање на трошоците што Литванија „ги претрпе не само со задржувањето на мигрантите, туку и со зајакнувањето на нашата гранична контрола, инфраструктура што ја немавме“, рече Доброволска за новинарите.
Литванија подигна ограда од бодликава жица долж границата со Белорусија долга 679 километри, откако илјадници мигранти преминаа на нејзина територија во 2021 година.
Од средината на 2021 година, Литванија одби влез на вкупно 20.000 мигранти од Белорусија. Во август 2021 година, владата во Вилнус им даде право на литванските граничари да ги одвратат мигрантите.