
Најдобрата босанска пливачка Лана Пудар, европска шампионка на 200 метри градно и бронзена медалистка на 100 метри градно, се најде меѓу 10-те најдобри спортистки на Балканот.
16-годишната девојка од Мостар е изедначена на деветтото место со 20 бодови, додека Поповичи освои 64 бода.
Втор е српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ со 61 поен.
Ѓоковиќ, кој рекордни седум пати ја освои титулата најдобар спортист на Балканот, годинава го освои Вимлдон и финалето на АТП.
На третото место со 48 бодови е хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, откако годинава со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и шпанската Ла Лига и бронзен медал со хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар.
Модриќ беше победник на анкетата во 2018 година.
Во гласањето учествуваа 10 новински агенции од регионот – БТА (Бугарија), Анадолија (Турција), АГЕРПРЕС (Романија), АНА-МПА (Грција), ТАНЈУГ (Србија), ХИНА (Хрватска), МИА (С. Македонија), АТА ( Албанија), МИНА (Црна Гора) и ФЕНА (Босна и Херцеговина).
Конечната листа на 10-те најдобри спортисти на Балканот за 2022 година:
1. Давид Поповичи (Романија) – пливање 64 поени
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) – тенис 61
3. Лука Модриќ (Хрватска) – фудбал 48
4. Милтиадис Тентоглу (Грција) – атлетика 46
5. Тијана Бошковиќ (Србија) – одбојка 31
6. Никола Јокиќ (Србија) – кошарка 27
7. Џанис Антетокунмпо (Грција) – кошарка 23
8. Александар Везенков (Бугарија) – кошарка 21
9. Лана Пудар (Босна и Херцеговина) – пливање 20
10. Таха Акгул (Турција) – борење 20