Лионел Меси се врати на тренинзите со ПСЖ

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси почна да тренира со Пари Сен-Жермен.

Фудбалскиот клуб објави дека денеска Меси се вратил на тренинзите со тимот.

Претходно клубот го суспендираше аргентскиот фудбалер во период од две недели откако заминал во Саудиска Арабија без дозвола. Лионел Меси се извини што си замина.

Инаку, Меси на вчерашниот натпревар против Троа не беше во составот на ПСЖ.