Линискиот судија му удрил лакт на Робертсон, комисијата отвори истрага

Ливерпул успеа да се врати во игра на дербито на крајот на првото полувреме и ги разбуди навивачите на „Енфилд Роуд“, но веднаш по давањето знак за пауза за двата тима, се случил и еден момент кој не се виде во телевизискиот пренос.

Енди Робертсон имал поплаки за една судиска одлука од крајот на првиот дел, но во моментите кога го правел тоа, добил лакт од страна на линискиот судија, Константин Хацидакис.

– Судијата ме удри со лакт во мојот врат, тоа можеа да го видат сите, – изјавил Енди Роберстон кратко по крајот на мечот.

Со оглед на тоа што се крена голема прашина поради овој инцидент, со официјален став се јави и независното тело на судии, кое најави дека ќе отвори истрага за случувањата на „Енфилд“.

– ПГМОЛ е запознаен со инцидентот меѓу помошниот судија Константин Хацидакис и дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон. Ќе го разгледаме предметот во целост откако ќе заврши натпреварот, – гласи објавата на ПГМОЛ.