Министрите за финансии на Групата седум најразвиени економии со план за ограничување на горната граница на цената на руската нафта – целта е да ја спречат Москва да профитира од ефектите од војната во Украина.
Официјален претставник на американското Министерство за финансии вели дека ќе има три ограничувања на цената на руската нафта, според договорот Г7 – една за сурова нафта и две за рафинирани производи (на пример, бензин и дизел).
И покрај падот на обемот на извозот на нафта од Русија, нејзиниот приход се зголеми во јуни за 700 милиони долари во однос на мај, објави Меѓународната агенција за енергетика.
Г7 се состои од Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите Американски Држави.