Лимани од Берлин: Младите, претставуваат клучна демографска група во обликувањето на иднината на Европа
Младите претставуваат клучна демографска група во обликувањето на иднината на Европа. Вклучително и младите кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан кои се со европски аспирации и географски припаѓаат на Европа. Токму овие прогресивни млади сили, нивните гласови, аспирации и предизвици мора да бидат поставени како приоритет во нашите политики, истакнал министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.
Младите претставуваат клучна демографска група во обликувањето на иднината на Европа. Вклучително и младите кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан кои се со европски аспирации и географски припаѓаат на Европа. Токму овие прогресивни млади сили, нивните гласови, аспирации и предизвици мора да бидат поставени како приоритет во нашите политики, истакнал министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан, организиран како дел од настаните во рамки на Берлинскиот процес на 13-ти и 14 октомври во Берлин, Сојузна Република Германија.
Лимани, како што информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, заедно со министрите на Владите од шесте земји од Западен Балкан, како и на Франција и Германија и претставници на Регионалните канцеларии за младинска соработка – RYCO, учествувал на панел дискусијата „Европскиот проект низ призмата на младите“, како дел од конференцијата насловена: „Декада на влијание: Младите го зајакнуваат регионот во рамките на Европскиот проект“.
Во дискусијата која се водела на Форумот, Лимани се осврнал на значењето на Берлинскиот процес кој покрај зајакнувањето на соработката помеѓу земјите од Западен Балкан, економскиот развој и евроинтеграциите, во фокусот ги има и младите.
Министерот зборувал и за политиките кои оваа Влада ги креира за младата популација, како и можностите за развој на нивниот потенцијал дома, во својата држава. Тој се осврнал и на новиот Закон за младинско учество, кој, како што рекол, нуди широки можности за младите, како и Стратегијата за млади 2023-2027 година, Предлог законот за социјално претприемништво, кој исто така ќе понуди нови можности за младите. Но, истовремено, ги повикал младите да бидат проактивни во креирањето на политиките и нивно активно учество и на локално ниво.
Лимани се осврнал и на мерката Гаранција за млади, за чие спроведување, како што рекол, Македонија е лидер во регионот и од 2018 година со опфат на над 80 илјади млади лица.
Од Минитерството за социјална политика, демографија и млади информираат дека оваа година се одбележува значаен јубилеј — 10 години од започнувањето на Берлинскиот процес кој што не претставува само иницијатива, туку визија за иднината на Западен Балкан, преку промовирање на регионална стабилност, економски развој, соработка меѓу земјите и поддршка во евроинтеграциите.
Основањето на RYCO, велат, претставува особено важна платформа за младите во нашиот регион, затоа што игра клучна улога во поврзувањето на младите во регионот, а претставува и едно од најголемите достигнувања произлезени од Берлинскиот процес.
Во агендата на министерот Лимани покрај учеството на панел дискусијата насловена: „Европскиот проект низ призмата на младите“, предвидени се и повеќе билатерални средби.