Лидерот на СДСМ му ја честиташе победата на Трамп

Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба, вели Филипче во честитката.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи.