Лидерот на ПАСОК, Андрулакис: Време е за политичка промена во Грција

На Грција ѝ се потребни политички промени и единствената партија што може да ги донесе е ПАСОК, порача претседателот грчката опозициска партија ПАСОК Никос Андрулакис за време на неговиот говор на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

На Грција ѝ се потребни политички промени и единствената партија што може да ги донесе е ПАСОК, порача претседателот грчката опозициска партија ПАСОК Никос Андрулакис за време на неговиот говор на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Традиција во Грција е првиот викенд од отворањето на саемот, говор и прес-конференција да одржи премиерот на земјата, претставувајќи ги новите владини планови и мерки, како што претходната седмица го стори тоа актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак последниот викенд пред затворањето е резервиран за лидерот на главната опозиција.

Претседателот на ПАСОК ја презентираше владината програма на партијата за следните години со главните национални приоритети за визијата за „Нова европска конвергенција“.

Порача дека изборите се единствената опција, а ПАСОК е единствената алтернатива што има развиена програма, посочувајќи дека ќе направи сè што е во негови раце за да го подобри животот на сите.

Најави враќање на 13 плата во јавниот сектор за државните службеници; „демографска преродба“, со цел стабилизирање на населението; обнова на продуктивноста со отпорна и конкурентна економија; подобрување на животниот стандард; намалување на нееднаквостите во општеството; намалување на степенот на сиромаштија; помал владин состав и спојување на министерства; поголема транспарентност.

– Овие национални приоритети бараат силна политичка волја и сериозна и одговорна партија што ќе ја води земјата која, со довербата на грчкиот народ, на дело ќе ја направи Грција силна, праведна и продуктивна со прогресивен, современ и патриотски план, порача Андрулакис.

Денеска напладне лидерот на ПАСОК ќе одржи пред-конференција.