Лидерот на Ал Каеда од Јемен со закани до Трамп и Маск поради Газа
Лидерот на јеменскиот огранок на терористичката група Ал Каеда, Саад бин Атеф ал-Авлаки, упати закани до американскиот претседател Доналд Трамп и до милијардерот Илон Маск, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Ова е негово прво видео-обраќање откако ја презеде лидерската позиција минатата година. Во 30-минутното видео објавено од поддржувачи на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Авлаки повикува и на убиство на лидери од Египет, Јордан и земјите од Персискиот Залив, исто така како одговор на настаните во Газа.
Во видеото се појавуваат и слики од Трамп, Маск, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет, како и логата на компаниите на Маск – „Тесла“ и „СпејсИкс“.
„Нема веќе црвени линии по она што му се случи на нашиот народ во Газа“, вели Авлаки. „Одмаздата е оправдана“.
САД нудат награда од шест милиони долари за апсење на Авлаки, кој е обвинет за јавно поттикнување напади против САД и нејзините сојузници. Тој го наследи загинатиот Халид Батарфи како лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.