Лидерите на ЕУ на денешниот Самит не постигнаа консензус за заклучоците за Украина

Лидерите на земјите членки на Европската унија на денешниот специјален Европски совет не успеаја да постигнат консензус за предложените заклучоци за поддршка на Украина, откако со нив не се согласил унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во усвоената официјална верзија на заклучоци во само три точки се посочува дека членовите на Европскиот совет имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека на прашањето за Украина ќе се навратат на својот следен состанок.

– Европскиот совет разговараше за последните случувања во однос на Украина, се наведува кусо во документот, при што се додаваа дека предложените заклучоци за усвојување биле „цврсто поддржано од 26 шефови на држави или влади“.

Поради ветото на Орбан, овие предлози за Украина не се вклучен во официјалните писмени заклучоци од Самитот, туку само се приложен како посебен текст под ознаката „документ ЕУ 10/25“.