Лидерите на ЕУ за односите со Кина, помошта за Киев и санкциите кон Иран

Лидерите на Европската унија на вториот ден од нивниот состанок во Брисел разговараат за економските врски со Кина, обезбедување дополнителна помош за Украина и казнување на Иран за испорака на беспилотни летала на Русија за употреба против украински цивилни и инфраструктурни цели.

Лидерите ќе имаат „стратешка дискусија“ за нивните врски со Кина, откако Европската комисија, претходно оваа недела рече дека ЕУ треба да го гледа Пекинг повеќе како конкурент. Тоа доаѓа пред првиот целосен самит на ЕУ со групата АСЕАН од земјите од Југоисточна Азија планиран за 14 декември.

Некои земји од ЕУ сакаат пошироки санкции против Иран, а на самитот, исто така, ќе биде осудена употребата на сила од Техеран против протестите предизвикани од смртта во полицискиот притвор на Махса Амини, 22-годишна жена приведена поради „несоодветно“ носење задолжителна исламска шамија.

На првиот ден од самитот, 27-те лидери на ЕУ дебатираа за заеднички пристап кон акутната енергетска криза што го зафати блокот по руската инвазија на Украина во февруари.

За време на разговорите, Германија остана на своето одбивање да ги ограничи цените на бензинот, со ветување од учесниците дека ќе продолжат да ги испитуваат опциите за ставање плафон на трошоците како единствен исход од разговорите.