Лига Европа: Севиља ја совлада Рома во финалето по изведувањето пенали

Севиља се мајстори за освојување на Лигата на Европа. Андалузискиот клуб го освои седмиот трофеј во седмиот настап во финалето во ова натпреварување.

Синоќа ја совлада Рома во финалето во Будимпешта по подобро изведување на пеналите и се закити со трофејот. Во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1, а во пенал рулетот 4:1 за Севиља.

Мечот се одигра пред 67.000 гледачи. Пред почетокот навивачите имаа одлични кореографии кои вреди да се споменат. На теренот убав фудбал со шанси и голови. Во 12 минута шанса за Рома не користи Спинацола. Неговиот обид го одбрани голманот.

Во 32 минута ВАР разгледуваше соминителна ситуација во полето на Севиља кога Гудељ со нога ја запре топката точно пред главата на Абрахам, но судијата не досуди пенал.

Три минути подоцна „волчицата“ дојде во водство. Манчини го пронајде Дибала, а овој добро се снајде покрај својот чувар и ја погоди мрежата (ГОЛОТ НА МАНЧИНИ НА ОВОЈ ЛИНК). Следуваа уште две-три шанси по кои резултатот не се промени во првото полувреме.

Тренерот на Севиља, Мендилибар реагираше со тоа што ги уфрли во игра Сусо и Ламела и тргна поофанзивно. Тоа донесе изедначување. Во 55 минута по нафрлување на Хесус Навас, Манчини си постигна автогол.

Во 67 минута Рома можеше да ја врати предноста, но голманот Бoнo го одбрани шутот на Абрахам. Во 75 минута Ибањес го фаулира Окампос во казнениот простор, судијата Антони Тејлор покажа на белата точка. Потоа реагираше и ВАР, па судијата ја прегледуваше ситуацијата и ја промени одлуката.

Резултатот остана 1:1.

Во 82 минута римската екипа бараше пенал поради игра со рака на Фернандо. Тејлор не покажа на белата точка. Поради протест тренерот на Рома, Мурињо доби жолт картон.

Се прејде кон продолжение во кои немаше гол, па се шутираа пенали.

Во пенал рулетот кај Рома погрешија Манчини и Ибањез, додека фудбалерите на Севиља ги погодија сите удари од белата точка.