
Ливерпул 13 години нема пораз во првото коло од Премиер лигата
Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул со победа ја почна одбраната на титулата. „Црвените“ синоќа на домашен терен го совладаа Борнмут со 4:2.
Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул со победа ја почна одбраната на титулата. „Црвените“ синоќа на домашен терен го совладаа Борнмут со 4:2.
Ливерпул не загубил ниту еден од последните 13 натпревари во првите кола од англиското првенство.
Во текот на последните 13 сезони, Ливерпул има три нерешени резултати и 10 победи во почетните кола, постигнувајќи 35 гола и примијќи 16. На пет натпревар не примија гол.
Ова е најдолгата низа без пораз во првите кола меѓу тимовите од Премиер лигата.