Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија 2023 година, објави „Би-би-си“. Во трката за домаќин се најдоа и Глазгов, Бирмингем, Лидс, Манчестер, Њукасл и Шефилд.
Натпреварот за најдобра песна на Европа ќе се одржи на 13 мај 2023 година, пишува „Скај њуз“. Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, но ЕБУ одлучи поради несигурната ситуација натпреварот да не се одржи во Украина.
„Најпрво, ова го правиме за Украина, потоа за нашиот прекрасен град и луѓето кои ќе дојдат овде. Ќе биде неверојатно“, изјавила Клер МекКолган, која е задолжена за културата во Градската управа, пренесува „Би-би-си“.
Наредната година Евровизија нема да се одржи во Украина, потврди и Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која е задолжена за организацијата. Во официјалното соопштение, ЕБУ откри дека преговараат со „Би-Би-Си“ за Обединетото Кралство да ја преземе улогата на земја домаќин следната година.