Ливерпул загуби четири натпревари по ред за прв пат од 1987 година

Вечерва „Црвените“ загубија со 2:1 дома од Манчестер јунајтед во 8. коло од Премиер лигата. Овој пораз беше четврти по ред за тимот на Арне Слот.

Ливерпул загуби четири натпревари по ред за прв пат по 38 години.

Вечерва „Црвените“ загубија со 2:1 дома од Манчестер јунајтед во 8. коло од Премиер лигата. Овој пораз беше четврти по ред за тимот на Арне Слот.

Ливерпул претходно загуби од Кристал Палас (2:1) и Челзи (2:1) во Премиер лигата, како и од Галатасарај (1:0) во Лигата на шампионите.

Последниот пат кога Ливерпул загуби четири натпревари по ред беше во 1987 година.