Кандидатката за претседател на Франција – Марин Ле Пен рече дека се уште го смета Крим за руски и не жали поради забраната за влез во Украина.
„Крим е украински 26 години, но порано беше дел од Русија, па луѓето таму решија да се обединат со Русија“ – изјави таа во телевизиско интервју.
Истакна дека сега нема да оди во Киев, дури и да има можност. Ле Пен изрази надеж дека по победата на претседателските избори, украинските власти ќе ја укинат нејзината забрана за влез.
„Но, не жалам што сум прогласена за персона нон грата. Приказната не може да се препише“ – додаде Ле Пен.
Ле Пен призна дека ако стане претседател на Франција, ќе ја повлече земјата од Северноатлантската алијанса и ќе се залага за стратешко зближување меѓу НАТО и Русија.
Ле Пен е прогласена за персона нон грата во Украина поради нејзините коментари за референдумот на Крим.