Ле Пен прогласена за виновна за проневера на јавни средства

Судот во Париз денеска ги прогласи за виновни поради проневера на јавни средства лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен и осум пратеници од нејзината партија Национален собир (РН).

Судот во Париз денеска ги прогласи за виновни поради проневера на јавни средства лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен и осум пратеници од нејзината партија Национален собир (РН).

Судот процени дека вкупната штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на РН во Европскиот парламент вработуваат луѓе кои работат за партијата на Ле Пен.

Лидерката на РН е прогласена за виновна за проневера на 474.000 евра поради фиктивно вработување на четворица партиски помошници во ЕП.

Обвинителството претходно бараше пет години затвор за Ле Пен, од кои две години затвор и три условна казна, кои може да се претворат во општествено корисна работа, како и парична казна од 300.000 евра.

Пресудата против Ле Пен и пратениците ќе биде донесена подоцна и може да влијае на нејзината евентуална кандидатура за следните претседателски избори во Франција, закажани за 2027 година.

Ле Пен пред судењето изјави дека обвинителите бараат нејзина „политичка смрт“ и оти процесот е завера за да не дојде на власт.

Другите обвинети изјавија дека парите се легитимно искористени и оти не е точно дефинирано што работи парламентарниот асистент.