Лејкерси елиминирани во првото коло од НБА плејофот

Уште во првото коло од разигрувањето за шампионскиот трофеј заврши сезоната за Лос Анџелес лејкерс. Иако тимот од Калифорнија сезонава имаше големи амбиции засилувајќи се со Лука Дончиќ, сепак не успеа да ја помине Минесота, првата пречка во плејофот од НБА-лигата.

Лејкерс утрово на свој терен загубија од Тимбервулвс со 103:96 и со вкупни 1:4 во серијата се елиминирани.

Дончиќ постигна 28 поени, Леброн Џејмс 22 во домашниот состав. Кај Минесота се истакна Руди Гоберт со дабл-дабл од 27 поени и 24 скока.

На вториот натпревар ноќта среда кон четврток, Хјустон рокетс го совлада Голден Стејт вориорс со 131:116 и намали на 2:3 во серијата прв до четири победи.

Поуспешниот од оваа пресметка ќе биде ривал на Минесота во четвртфиналето.