Лефков: Ние сме единствена држава во светот што сама на себе си ги укина пасошите

Ниту една држава во светот не може да ни ја прекине важноста на пасошите бидејќи такво е меѓународното право, вели за „Детектор“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Според него, со донесениот закон по промената на името Македонија стана единствена држава во светот која сама на себе си ги укина пасошите.

– Немојте да ги замајувајте граѓаните. Нашите гранични служби ги враќаат граѓаните. Затоа што, во меѓународното право, единствен кој што може да прекине важност на одредена исправа е самиот издавач на исправата. Ниту една држава не може да ја прекине важноста,тоа што замајуваат од СДСМ кога велат, ние не сме сигурни дали ќе ги враќаат или нема да ги враќаат. Сега, ние сме единствена држава која сама на себе си укинува патни исправи, односно сама на себе предизвикува да се кршат основните човекови слободи и права на граѓаните“ – рече Лефков за „Детектор“.