Лефков: На наредните избори ќе се гласа против криминалот, неспособноста и ароганцијата

Еден од вечерашните гости во Трилинг е пратеникот Миле Лефков.

,,Рафтовите за леб ни останаа празни, многу криминал , така да сметам дека на наредните избори ке биде многу лесно да се одлучи односно ке се гласа против криминалот неспособноста и ароганцијата’’ – вели Лефков.

Лефков истакна дека бараат предвремени услови за да излезат пред граѓаните со решение.

,,Жално е кога ќе видите фукнционери, на пример како  што е првиот вицепремиер од Владата кој е фатен во одредени активности или во доделување на акредитирани за вработени кај неговиот брат или кога е компромитиран со купување на деловни простори од 700 евра, а жално е кога ќе видите како се крие обичниот работен чесен Албанец.” – потенцираше Лефков.

Пратеникот истакна и кои се нивните можни потенцијални коалициони партнери, доколку ВМРО – ДПМНЕ ја добие поддршката на следните избори.

,,На наредните избори коалициони партнери сметаме да ни бидат народот, и прво опозиционото расположение во Македонија без разлика дали Албанци, Срби, Бошњаци, Турци. Сметаме на едно силно обединување на опозицијата, затоа што онаму каде што ја тераат државата, Ковачевски и неговата екипа од  ДУИ, мислејќи на Артан Груби навистина од еден во друг пораз секојдневно” – вели тој.

,,Имате одредени тези на кој што ќе можете вие да најдете недостатоци или не можете да најдете недостатоци.Кога ќе слушнам дека се критикува на фунционерите од ДУИ и кога ќе кажат дека не се реализирани 2% од програмата  јас не можам да најдам недостаток во тие тези. И таму ќе кажам дека потполно се согласувам.” – истакна Лефков.