Лефков: Битиќи призна дека СДСМ нема да биде конкурентна на следните избори

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека поранешниот вицепремиер и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, признал дека партијата нема да биде конкурентна на следните избори.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека поранешниот вицепремиер и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, признал дека партијата нема да биде конкурентна на следните избори.

-Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори – рече тој, додавајќи дека Битиќи отворено посочил оти СДСМ нема шанси за добар изборен резултат, без разлика кога ќе се одржат изборите.

Лефков истакна дека во партијата постојат различни ставови околу можноста за предвремени избори, наведувајќи дека додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, бара нивно одржување, дел од раководството, меѓу кои и Битиќи, се против таа идеја.

-Наместо реформи и кадровски промени во СДС, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување – изјави тој.

Според него, ваквите изјави се потврда за, како што рече, политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за недовербата на граѓаните кон СДСМ.