Летовите во еден правец надвор од Русија денеска брзо се распродадоа, откако претседателот Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти, јавува Ројтерс.
Најавата на Путин, дадена во телевизиско обраќање во раните утрински часови, ги зголеми стравувањата дека на некои мажи во борбена возраст нема да им биде дозволено да ја напуштат Русија.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека мобилизацијата ќе биде ограничена на оние со искуство како професионални војници и дека студентите и оние кои служеле само како регрути нема да бидат мобилизирани.
Сепак, податоците на „Гугл Трендс“ покажаа скок во пребарувањата за „Авијаселс“, најпопуларната веб-страница во Русија за купување билети за летови.