Летибиотис: Кипар 51 година живее окупација на дел од територијата и затоа се залага за почитување на интегритетот и суверенитетот на сите држави
Кипар, кој веќе 51 година ја живее окупацијата на голем дел од својата територија по нелегалната турска инвазија, се залага за почитување на територијалниот интегритет и суверенитетот на сите држави, посочи портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис во писмената изјава за учеството на претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис на видеоконференција на Коалиција на подготвените за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Летибиотис информираше дека целта на видеоконференцијата беше да се продолжи со координацијата на напорите што ги вложуваат членовите на Коалицијата за постигнување траен прекин на огнот.
– Кипар е активен член на оваа меѓународна алијанса, која има за цел да постигне праведен мир што ја почитува Повелбата на Обединетите нации, но и да ги заштити безбедносните интереси на Украина и на Европа, истакна Летибиотис информирајќи за учеството на Христодулидис на состанокот.