Едноминутниот молк се претвори во еуфорија. Со аплауз и овации заврши мисијата на НАСА откако целта беше постигната. Леталото на вселенската агенција Дарт успешно удри во астероидот Диморфос кој се движеше со брзина од 14 илјади милји/час на околу 11 милиони километри од Земјата.
Вселенското летало Дарт што го лансираше НАСА, по една година директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за спасување на Земјата.
Ова е прв експеримент од ваков вид на НАСА. Иако ударот на астероидот не беше директно насочен кон Земјата, тестот има за цел да покаже дека во иднина доколку се случи средба со астероид, НАСА ќе може успешно да го одбие. Леталото без екипаж успешно ја заврши зададената задача и удри на 17 километри од центарот на астероидот.