
Со денешната светска круна на Аргентина, Лео Меси е еден чекор поблиску до титулата – најдобар на сите времиња!
Светската титула му беше последниот трофеј кој му фалеше во неверојатната кариера, зашто има освоено буквално сѐ. Од младински светски првак, олимписки првак, континентален првак, сега и светска круна, како надополнување на седумте „златни топки“, шесте „златни копачки“ и сите останати трофеи по неколкупати – ЛШ, светско клупско првенство, суперкупови, трофеи во Ла Лига, Лига 1…. И уште двапати најдобар фудбалер на Светски првенства (2014, 2022)
Меси со оваа светска круна заминува во репрезентативна пензија на најубав можен начин како крал, како бог на фудбалот, рамо до рамо со најголемите фудбалски имиња. За сѐ што направи во светскиот фудбал, за сите радости, сите тие голови, асистенции, со повеќе од вкупните 1002 меча во кариерата, ретко кој би можел да го оспори тоа дека е – најголем!
СИТЕ ТИТУЛИ НА МЕСИ
Светски првак: 2022
Копа Америка: 2021
Олимписки првак: 2008
Светски првак (У20): 2005
Златна топка: 7 пати
Златна копачка: 6 пати
Најдобар играч на СП: 2014, 2022
Најдобар спортист на светот: 2019
Најдобар стрелец во ЛШ – 8 пати
Најдобар стрелец во Ла Лига – 9 пати
МВП на Копа Америка: 2021
ЛШ – 10 пати
Ла Лига – 10 пати
Куп на Кралот – 7 пати
Првак на Франција: 1 пат
Светско клупско првенство: 3 пати
Европски Суперкуп: 3 пати