Ледената бура што ги погоди САД усмрти најмалку 24 луѓе и се очекува да однесе повеќе животи, откако некои жители останаа заробени во домовите од снежните наноси, а струјата беше прекината во стотици илјади домови и деловни објекти.
Обемот на бурата е речиси без преседан и се протега од Големите езера во близина на Канада до реката Рио Гранде долж границата со Мексико, пренесува RSE.
Околу 60 отсто од населението на САД се соочило со некакво предупредување за бура, а температурите драстично паднале, објави Националната метеоролошка служба.
Околу 1.346 домашни и меѓународни летови беа откажани во неделата, според страницата за следење на FlightAware.
Синоптичарите рекоа дека циклонот бомба, кој се јавува кога атмосферскиот притисок ненадејно опаѓа при силна бура, се развил во близина на Големите езера, предизвикувајќи виулици, вклучувајќи силен ветер и обилни снежни врнежи.
Западната американска држава Монтана беше најтешко погодена од студот, со температури кои паднаа до минус 45 степени, а дури и јужните сојузни држави Флорида и Џорџија, кои имаат поблаги зими, добиваат сериозни предупредувања за студ.
Единствениот регион кој е во голема мера поштеден од студеното време е Калифорнија, за кој континенталните планински масиви помагаат да се заштити.