По синоќешниот пораз од Фулам од 3-0, менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард доби отказ од клубот од Бирмингем.
По 11 месеци на кормилото на тимот, Џерард доби отказ.
Астон Вила има само две победи во 11 натпревари во Премиерлигата оваа сезона. Работата на Џерард беше „под лупа“, а поразот од Фулам ја „прели чашата“ кај раководството кое му даде отказ.
„Астон Вила може да потврди дека главниот тренер Стивен Џерард го напушта клубот веднаш. Сакаме да му заблагодариме на Стивен за неговата работа и посветеност и да му посакаме се најдобро во иднина“, се вели во клупското соопштение од Астон Вила.
Aston Villa Football Club can confirm that Head Coach Steven Gerrard has left the club with immediate effect.
— Aston Villa (@AVFCOfficial) October 20, 2022