Легендарна тенисерка: Ѓоковиќ е антихерој!

Легендарната тенисерка Крис Еверт се осврна на новонастанатата ситуација во која се најде Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер се уште не смее да влезе во САД, па барем засега нема да може да се натпреварува на Индијан Велс, а веројатно и во Мајами.

Американската тениска икона која во кариерата освои 18 Грен слем титули верува дека Ѓоковиќ во секој случај ќе победи.

„Ако му кажете на Новак дека не може да направи нешто, тој станува само порешителен да го направи тоа. А потоа кога ќе успее, ќе им го втрие во носот за да докаже поента. Тој е како анти-херој, кој се крева. кога му е најтешко е кога некој ќе му каже дека не може да направи нешто“, рече Еверт и додаде:

„Ако не е на турнирот, тогаш се е можно. Ако е присутен, тој е фаворит и сите останати имаат мали шанси. Иако пропушти дел од сезоната поради приказната со вакцинацијата, мислам дека малку луѓе навистина се грижи. Тој сè уште е најдобриот тенисер во светот“ вели таа.