Легализирани истополовите бракови во Грција

Грчкиот парламент синоќа, по долга дебата, но со големо мнозинство ги легализираше граѓанските бракови за истополовите парови.

Со ова таа стана првата мнозинска православна земја што го стори тоа.

„Грција е горда што стана 16-та земја на ЕУ што усвои закон за брачна еднаквост“, рече премиерот Киријакос.

Мицотакис во објава на социјалната мрежа Х напиша:Ова е пресвртница за човековите права, која ја отсликува денешна Грција, прогресивна и демократска земја, страсно посветена на европските вредности“, се пофали Мицотакис.

Премиерот Мицотакис рече дека „во Грција никој не треба да се чувствува како граѓанин од втор ред“.

Според новиот закон, истополовите двојки ќе ги имаат истите права и обврски како и хетеросексуалните парови, вклучувајќи ги и родителските права. Употребата на сурогат мајки и понатаму ќе биде забранета.

Пред гласањето имаше остри критики од редовите на Грчката православна црква.