Левица ја поднесе во Собранието инцијативата за референдум, на потег е Џафери

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев денес ја поднесе иницијативата за одржување на референдум до Собранието. Прашањето за кое Левица бара да се распише референдум гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“.

Апасиев рече дека се собрани 750 потписи кои ги приложи во собраниската архива и изјави дека не очекува опструкции од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Шефот на парламентот Џафери минатиот месец ја одби ВМРО-ДПМНЕ за референдум. Нивното референдумско прашање гласеше: „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018?

Џафеи како аргумент за отфрлањето на иницијативата посочи дека договорот со Бугарија е меѓународно ратификуван акт кој е веќе влезен во сила и не може да се отповика.