Левица ја исклучи од партијата директорката на библиотеката „Браќа Миладиновци“, шурувала со ВМРО-ДПМНЕ

„Дисциплинската одлука е донесена бидејќи таа, во дослух и таен договор со ДПМНЕ и со министерот за локална самоуправа во Владата на Мицкоски, Златко Перински – како претендент за следен деструктивен кандидат за градоначалник на Град Скопје, е фатена на дело како мести конкурси за вработување, ги злоупотребува своите овластувања за остварување лични интереси и за ухлебување пријатели во институцијата – свои и на министерот Перински“, се вели во соопштението на Левица.

Левица соопшти дека ја исклучила од партијата директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје Снежана Стојчевска поради наводно коруптивно и клиентелистичко влијание, како и несоодветно и своеволно раководење со институцијата. Од партијата велат дека таа во соработка со ВМРО-ДПМНЕ местела конкурси за вработување.

„Дисциплинската одлука е донесена бидејќи таа, во дослух и таен договор со ДПМНЕ и со министерот за локална самоуправа во Владата на Мицкоски, Златко Перински – како претендент за следен деструктивен кандидат за градоначалник на Град Скопје, е фатена на дело како мести конкурси за вработување, ги злоупотребува своите овластувања за остварување лични интереси и за ухлебување пријатели во институцијата – свои и на министерот Перински“, се вели во соопштението на Левица.

Но не било само тоа. Директорката, која е од нивните редови, наводно со нејзиното „несовесно работење (придонела) за намалување на фондот на изнајмени книги за 30 отсто, како и со влошување на севкупната работна атмосфера во библиотеката“.

Тие ѝ забележуваат на директорката дека ненаменски трошела буџетски пари за сомнителни службени авионски патувања во странство, како и за затворањето на третата смена на студентските читални среде испитна сесија, што се случува за првпат во историјата.

„Како резултат на овие злоупотреби, Президиумот на Левица го поништува нејзиното партиско членство“, велат од Левица и ја повикуваат директорката да поднесе оставка, а ако тоа не се случи скопската градоначалничка Данела Арсовска да ја разреши.

Левица во Советот на Град Скопје има четири советнички места.