Левица: Сите лица со фантомки ќе бидат отстранети од редарските служби

  • Маските за „европска Македонија“ на нелегитимната власт на пробугарскиот СДС одамна се паднати. Сите декларирани алузии за македонскиот идентитет, јазик, политичка автономија и сувереност, економски просперитет и слични манипулации на криминалната владејачка класа се разбиени – македонизмот и македонскиот работник се жртва на нивните лукративни интереси. – велат од Левица.

Лажни и манипулативни се нивните „повисоки цели“ поради кои македонскиот народ го лишат од основните атрибути на неговиот културен и политички идентитет и историски континуитет. Со прифаќање на понудениот Предлог НЕ СЕ ОТВОРА ПАТОТ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА на Македонија во ЕУ, туку се завршува процесот на нејзината конечна дезинтеграција – исчезнување на македонска држава во Европа.

Македонскиот јазик станува прв јазик за кој ЕУ (преку Бугарија) официјално ја отвара можноста да биде негиран и предмет на преговарање за интеграција;

Не постои никаква гаранција дека Бугарија во иднина нема да блокира. Нивните барања стануваат целосно дел од процесот, и ќе можат да се наметнуваат нови;

Апелираме да не се потпаѓа на провокациите на полициските инфилтратори и вечер повторно МАСОВНО и достоинствено да протестираме против присилната бугаризација на Македонија! Сите лица со фантомки ќе бидат отстранети од редарските служби. – соопштија од Левица.