„Пожарите веќе десетина дена беснеат низ државата. Иако последните години сè почесто се случуваат огромни пожори во летните периоди, држава никако не ја научи лекцијата. Пожарникарите оставени без соодветна техника и опрема, во број далеку под минималниот стандард со просечна старост од 36 години; нема обезбедено пилоти за ер – тракторите, а згора на сè, работниците во ,,Македонски шуми” гаснат пожари, буквално, по влечки!“, соопштија од Левица.
„Дали можеше да се превенираат дел од пожарите? Колку хектари шума ќе беа спасени од огнената стихија доколку како држава поседуваме соодветна противпожарна техника? Зошто работниците се принудени сериозно да го загрозуваат својот живот поради необезбедувањето соодветна опрема од државата? И главното прашање: Kој ќе поднесе одговорност за целонастанатата ситуација?
Додека државата брутално гори, наместо прогласување на кризна состојба и вложување на максимум да се спречи еколошката катастрофа која ни се случува, во медиумите читаме за нови задолжување и државни обврзници, за прошетки на премиерот Мицковски од Вашингтон до Лондон, за пријавени поклони вредни стотици илјади евра од Владиниот секретар, но не гледаме никаков сериозен напор на централната власт за надминување на оваа пеколна криза!
Државата е доведена во состојба да не може да превенира и да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и неинвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња!
Оваа состојба е последица на несовесното работење на владеачките елити, но и забавените и несоодветни реакции на Кризниот штаб изминатата седмица!
Потребно е итно ставање на сите ресурси во насока на локализирање на пожарот, а потоа – понесување ОДГОВОРНОСТ за целата ситуација. Дополнително, неопходно е купување на нова противпожарна опрема, обука на пилоти за ер – тракторите и зголемување на бројот на пожарникари пред да се случат нови вакви катастрофи!“, порачаа од партијата на Апасиев.