Левица: Основните училишта во Аеродром го кршат законот и вршат класна дискриминација на учениците

Загрижени родители на деца од прво до четврто одделение во Општина Аеродром алармираа до нас за незаконско постапување од страна на основните училишта и вршење дискриминација на децата кои посетуваат целодневна настава.

Имено според законот децата кои посетуваат целодневна настава откако ќе заврши редовната настава имаат воннаставни активности кои училиштето треба да ги организира како што е законски но истото изнајмува училници на приватни компании кои наплаќаат за воннаставните активности.

Децата кои немаат да платат немаат никакви вонредни активности во училиштето, се изолирани од истите активности во други училници и се оставени сами да дремат без практично никакви активности по 3-4 часа во училница што е класична класна дискриминација.

Во член 41 ставка 7 од законот се вели:

– „Училиштето при организирањето на воннаставните активности води сметка за заштита од дискриминација по кој било основ, како и за примената на афирмативните мерки за вклучување на сите ученици.”

Бараме доследно почитување на законот од страна на училиштата и нивните директори каде е многу јасно пишано дека училиштето при организирањето на вонредните активности не смее да ги дискриминира и сегрегира учениците каде едни ќе имаат вонредни активности, а други ќе бидат изолирани поради профит.