Ѓорѓиевски и Мециновиќ нема да имаат уште еден дуел – едниот на митинг, другиот на марш

Кандидатите за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои во недела ќе се соочат на избори во вториот круг, денеска нема да ги видиме на уште една ТВ дебата – Ѓорѓиевски закажа митинг во Скопје, а Мециновиќ уште вторпат ќе маршира од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.

Кандидатите за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои во недела ќе се соочат на избори во вториот круг, денеска нема да ги видиме на уште една ТВ дебата – Ѓорѓиевски закажа митинг во Скопје, а Мециновиќ уште вторпат ќе маршира од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.

„Дополнитени часови по локална самоуправа ќе држам од понеделник, после победата на избори“, арогантно го почнува своето послание Ѓорѓиевски, вечерва на Фејсбук.

„Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје. Добро знаете, никогаш не бегам од ништо. Во однос на последните крици на Левица и Амар Мециновиќ по дебаклот што им се случи на дебата на телевизија Канал 5, а во врска со поканата за дебата на телевизија Телма, сакам да ве информирам следново: Веќе се одржа дебата меѓу мене и кандидатот за градоначалник од Левица, по која станаа јасни ставовите и јасна е сликата за двајцата кандидати. Евидентно е ниското ниво на политичка култура, но и присутната безидејност и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ, што значи дека секоја следна дебата не би била натпревар и судир на концепти, туку судир меѓу концепт за Скопје, претставуван од мене и ВМРО-ДПМНЕ и демагогија, празна реторика и отсуство на план што се карактеристики на Амар Мециновиќ. На Скопје му требаат решенија, не демагогија. Затоа сметам дека вистинскиот тест и одлука ги носат граѓаните на избори, при што нагласувам дека целосно ја почитувам намерата и професионалноста телевизијата која испрати покана за дебата“, напиша Ѓорѓиевски.

Мециновиќ пак, исто така на Фејсбук најави дека утре ќе маршира од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, како што направи и пред првиот изборен круг.

„Скопје, утре пак одиме од Ѓорче до Ново Лисиче на Вториот скопски марш – за последниот ден од кампањата за вториот круг низ нашите скопски улици.
После првиот, не мислеа дека ќе имаме втор, а кога ќе победиме ќе имаме и трет, победнички!
По пат ќе имаме и завршна пресконференција за овие локални избори.
Возвишено е чувството на заедничко политичко дејствување кое го постигнавме во изминатите месеци. Во недела Скопје ќе се соочи со системот, а нашата смелост за одлучување ќе му донесе победа на градот“, напиша Мециновиќ.

Како ќе изберат скопјани, останува да видиме в недела во вечерните часови. Резултатите ќе бидат познати многу порано, со оглед на стеснетиот избор во вториот круг.