Левица нема да дозволи поткуп на медиуми – поднесоа 1.300 амандмани

Со 1.300 амандмани блокираме поткуп на медиумите, велат од партијата Левица. Велат дека Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист.

„Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудиовизуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите“, соопштија од партијата.

Претходно, кажаа дека премиерот Димитар Ковачевски оди по стапките на екс македонскиот премиер Никола Груевски со оваа практика.  Сметаат дека целта е да го задушат јавниот простор и слободната мисла.