Собранискиот спикер Џафери закажа итна седница за понеделник, на која власта по скратена постапка сака да протне девет предлог закони, меѓу кои и Предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, соопшти Левица.
– Очигледно дека во секој од овие закони намерата е иста и се однесува на „олеснување“ на процедурите при изградбата на Коридорот 8. Конкретно, во овој предлог-закон се предвидуваат измени со кои се заобиколува начинот на пријавување ако се дојде до археолошки важно откритие (археолошки локалитет), се вели во партиското соопштение.
Од Левица појаснуваат дека наместо да се пријави до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи, како што предвидува законот во други случаи, во овој случај треба да се пријави само до надзорниот инженер.
-Сето ова станува појасно со тоа што овој предлог-Закон го предлага ДУИ, кои заедно со анти-македонската СДС, не покажале никаква грижа за заштита на македонското културно наследство, особено во мигови кога е оспоруван македонскиот идентитет, историја и култура, реагира Левица.
Левица како партија стои зад македонските национални интереси и затоа сме категорично против овој предлог-закон, велат од артијата.