Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, постави нов рекорд во НБА-лигата. Тој ноќеска на натпреварот со Бостон селтикс на домашен терен одигра 34 минути и забележа 20 поени, пет асистенции и четири скока.

По овој натпревар Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата кој надмина 43.000 поени во регуларниот дел од сезоната. Неговото достигнување сега е 43.008.

Леброн вклучувајќи ги и плејоф натпреварите има вкупно 51.297 поени.

Инаку, Лејкерс го загубија натпреварот со Бостон со 89:111.

Тимот од Лос Анџелес се наоѓа на 5. место на табелата во Западната конференција со 34 победи и 22 порази.