
Лебот на „Жито лукс“ поевтини
Белиот леб сечен на парчиња „Жито лукс“ од 470 грама поевтини. До сега беше со цена 51 денар за векна.Сега неговата цена изнесува 46 денари или за 9,8 отсто помалку.
Ова намалување е речиси на граница на најавите на владините министри кои велеа дека очекуваат поевтинување на прехранбените производи за околу 10 отсто, откако Владата донесе мерки со кои им излезе во пресрет на производителите, намалувајќи ги влезните трошоци за електрична енергија.