Леао: Лигата на шампионите ми вреди повеќе од плата од 10 милиони евра

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао е еден од ретките фудбалери кои ги одбиле понудите од Саудиска Арабија.

И покрај бројните понуди, Португалецот сепак реши да остане во Милано.

Леао верува дека се уште не ги остварил своите соништа во Европа.

– Понуда од Саудиска Арабија? За мене Лигата на шампионите вреди повеќе од плата од 10 милиони евра. Се уште не сум ги постигнал целите за да се согласам да одам во таа лига. Фокусиран сум и сакам да направам големи работи во Милан.Затоа потпишав нов договор пред неколку месеци – изјави Леао.

Рафаел Леао добро ја стартуваше новата сезона во Серија А и беше единствениот стрелец во победата на Милан против Верона во петтото коло во Калчото.