Либерално-демократската партија порача дека нема да дозволат деструктивните сценарија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да успеат само затоа што нивниот најголем проблем е изборот на Талат Џафери. Според нив, неодговорно e да се предложат министри, да се прави кворум, а потоа да не се гласа за сопствените министри.
Законска обврска за техничката влада е да организира фер и демократски избори, а од ЛДП велат дека остануваат на европскиот пат, ставајќи го интересот на граѓаните и на државата на прво место заедно со пратениците од мнозинството.
-Како партија нема да дозволиме деструктивните сценарија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да успеат само затоа што нивниот најголем проблем е изборот на Талат Џафери кој беше министер и носител на висока функција во периодот на нивната влада во минатото. Исто така, неодговорно e да се предложат министри, да се прави кворум, а потоа да не се гласа за сопствените министри. Во изминатите години ЛДП покажа дека е партија која е стожер на прогресот и знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја, додаваат од ЛДП.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во своето обраќање пред собраниската говорница порача дека тие нема да гласаат за изборот на техничката влада од неколку причини